Свет Европа Медитеранот и ЕУ заедно против тероризмот

Медитеранот и ЕУ заедно против тероризмот

Федерика Могерини го поддржа интензивирањето на соработката помеѓу ЕУ и северноафриканските медитерански земји во сузбивање на тероризмот и на екстремизмот.

„Неодамнешните терористички напади во Париз и во Тунис, како и вчерашниот напад на мароканската амбасада во Либија, покажуваат дека мораме да ја зајакнеме соработката“, рече високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската унија на заедничкиот состанок на шефовите на дипломатијата на ЕУ со министрите на надворешни работи на осум земји од југот на медитеранот во Барселона.

Могерини истана дека и ЕУ и нејзините јужни соседи се соочуваат со нестабилната безбедносна ситуација, која потекнува од вооружените конфликти во Сирија и во Либија, поради кои терористичките активноси се во пораст.

На Могерини ѝ се придружи и шпанскиот премиер Маријано Рахој, кој рече дека не се во право тие што тврдат дека на Блискиот Исток има конфликт помеѓу Западот и муслиманите.

„Исламскиот свет е жртва, како и сите други“, рече Рахој.

На состанокот, освен претставници на 28 членки на ЕУ, присуствувале и министри од Египет, Алжир, Либан, Јордан, Мароко, Израел, како и комесарот за проширување Јоханес Хан.