Свет Балкан Мазутот од „Ина“ во Јадранско море е најголема еколошка катастрофа на Кварнер

Мазутот од „Ина“ во Јадранско море е најголема еколошка катастрофа на Кварнер

Чистењето на крајбрежјето на морето кај Кострена во Хрватска се уште трае, откако од нафтената платформа на рафинеријата „Ина“ во Урињ истече мазут.

Надлежните институции и мештаните сметаат дека се работи за огромна еколошка катастрофа која ја погодила областа Кварнер.

Ова може да ја доведе во прашање и претстојната туристичка сезона, имајќи предвид дека фотографиите од загадувањето го обиколија светот.

Од „Ина“ информирале дека мазутот истекол од кругот на рафинеријата надвор од заштитната брана.

Истрагата ќе утврди кој е одговорен за овој еколошки инцидент кој предизвика непроценлива штета по еко-составот на морето.