Свет Европа Маж со чекан нападнал полицаец во Париз

Маж со чекан нападнал полицаец во Париз

Засега неидентификувано лице попладнево се обиде со чекан да нападне полицаец на плоштадот пред париската црква Нотр Дам, при што веднаш бил застрелан од друг полицаец.

Француските медиуми јавуваат дека напаѓачот е ранет во пределот на градите, но нема подетални информации за неговата здравствена состојба.

Париските власти ги повикаа жителите и туристите да го избегнуваат овој дел од град.

Одделот за борба против тероризмот при париското јавното обвинитество почна истрага за мотивите за денешниот инцидент во Париз.