Хроника Маж и жена пронајдени застрелани во куќа во Кочани

Маж и жена пронајдени застрелани во куќа во Кочани

Две безживотни тела вчера биле пронајдени во приземје од куќа во Кочани. Телата ги пронашол С.М. (28), потстанар во куќата.

Според првичните информации, се работи за машко лице со иницијали С.Г., 42-годишен жител на Скопје, и женско лице со иницијали Ј.П., 25-годишна жителка Пробиштип, која исто така била потстанар во куќата.

Двете тела се најдени со прострелни рани во главата. Истрагата е во тек, а телата се предадени на обдукција.