Хроника Маж и жена пронајдени мртви во мотел во Битола

Маж и жена пронајдени мртви во мотел во Битола

Триесет и тригодишен маж и 27-годишна жена вчера попладне биле најдени мртви во мотел во центарот на Битола, јавуваат медиумите.

Информацијата за смртта на двете лица ја потврдиле од битолската полицијата, пишува весникот „Вест“.

Како што пренесува весникот, настанот во полицијата го пријавил персоналот во мотелот, откако двајцата гости подолго време не излегувале од собата, која ја изнајмиле пред неколку дена.

Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, а засега нема информации за околностите под кои мажот и жената починале.

Јавен обвинител, кој заедно со полициска екипа извршил увид на местото, наредил обдукција на телата на починатите.