Спорт Мацари доби отказ, Манчини се враќа во Интер

Мацари доби отказ, Манчини се враќа во Интер

Мацари 17 месеци го водеше милански Интер

Тренерот на милански Интер, Валтер Мацари, доби отказ, а нов тренер, вторпат, ќе биде Роберто Манчини. Ова го потврдија и од италијанскиот клуб на нивната официјална интернет-страница. Мацари во Интер дојде како замена на Андреа Страмачиони, но не постигна добри резултати, па претседателот на клубот, Ерик Тохир, му врачи отказ по 17 месеци соработка. Пред преселбата во Интер, Мацари беше на чело на Наполи, со кој заврши на второ место во сезоната 2012/2013, а претходно го освои и италијанскиот куп. „Нероаѕурите“ во последните два меча загубија на гостувањето кај Парма и одгираа нерешено со Верона на домашен терен. По 11 кола во Серија А, тимот од „Џузепе Меаца“ се наоѓа на 9. позиција со 16 бодови.
Манчини беше тренер на Интер во периодот од 2004 до 2008 година и освои три шампионски титули и два трофеи од Купот на Италија. Тој претходно го водеше тимот на Галатасарај, а со милански Интер потпишал две и полгодишен договор.