Свет Масовни убиства во околината на Мосул, јавува ОН

Масовни убиства во околината на Мосул, јавува ОН

Милитантите на Исламска држава неделава убиле голем број луѓе околу Мосул, а забележано е наталожување на амонијак и на сулфур во цивилните области, кои се верува дека се користени како хемиско оружје, соопшти портпаролката на Обединетите нации (ОН), Равина Шамдасани.

Прво е откриена масовна гробница со околу 100 обезглавени тела во Хамам ал-Халилу, во близина на Мосул, а како што соопшти Шамдасани, тоа е една од многубројните гробници.

Изведени се јавни погубувања поради „предавство и соработка“ со ирачките безбедносни сили, поради кршењето на мобилните телефони и дезертерства.

Забележано е дека околу Мосул се распоредени припадници на ИД, најверојатно тинејџери или момчиња, кои носат елеци бомби.