Свет Европа Масовни протести во Брисел поради мерките за штедење, полицијата употреби солзавец

Масовни протести во Брисел поради мерките за штедење, полицијата употреби солзавец

Демонстрантите предзвикале безредија и се судриле со полицијата

Белгиската полиција употреби солзавец и водени топови во судирот со демонстрантите кои денеска протестираат во главниот град Брисел, пренесуваат светските медиуми.

На улиците на Брисел, на протести излегоа најмалку сто илјади луѓе, кои се против владините реформи за слободен пазар и мерките за штедење. Според демонстрантите, реформите ги поткопуваат принципите на Белгија како социјална држава.

Демонстрантите танцуваа качени врз превртени автомобили, фрлаа камења и пукаа петарди, а поради протестот, беше органичен јавниот превоз, кој делумно го парализира градот во кој, во меѓувреме, се одржува состанок на министрите за финансии од еврозоната.

Со масовните протести, почна кампањата на белгиските синдикати против владата, која ќе се заокружи со национален штрајк на 15 декември.