Хроника Маскиран разбојник ограбил продавница во Ресен

Маскиран разбојник ограбил продавница во Ресен

Непознат сторител, вчеравечер, околу 22 часот, извршил разбојништво во колонијална продавница на улицата Ленинова во Ресен, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, маскиран разбојник со пиштол ѝ се заканил на вработена во продавницата „Виоли“ и потоа одзел околу 21.000 денари.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.