Хроника Маскиран и вооружен разбојник ограбил златарница во Кочани

Маскиран и вооружен разбојник ограбил златарница во Кочани

Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, вчера претпладне ограбил златарница во Кочани, од која однел поголемо количество златен накит, информираат од полицијата.

Грабежот се случил околу 11.35 часот, во златарницата „Боно“. Разбојникот, според полицијата, ја нападнал вработената, удирајќи ја со тупаници во главата, поради што таа паднала на подот, а потоа одзел поголемо количество златен накит и избегал.

Вработената била пренесена во Здравствениот дом во Кочани, каде ѝ е укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.