Хроника Маскиран и вооружен разбојник ограбил продавница во Бутел

Маскиран и вооружен разбојник ограбил продавница во Бутел

Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, вчеравечер ограбил продавница во населбата Бутел, соопшти МВР.

Според полициските информации, разбојништвото се случило околу 22.20 часот, во продавницата „Вива фреш“ на улицата Александар Бујнов, во Бутел. Маскираниот разбојник со пиштол им се заканил на вработените, а потоа од касата зел 15.000 денари.