Хроника Маскиран и вооружен разбојник ограбил казино во ГТЦ

Маскиран и вооружен разбојник ограбил казино во ГТЦ

Непознат сторител, со маска на главата (фантомка) и вооружен со пиштол, синоќа ограбил казино во Градскиот трговски центар (ГТЦ), информираат од полицијата.

Разбојништвото се случило околу 20 часот во казиното „Д-слот“, а сторителот одзел 140.000 денари или околу 2.300 евра.