Хроника Машки труп со две прострелни рани пронајден на автопатот Тетово – Гостивар

Машки труп со две прострелни рани пронајден на автопатот Тетово – Гостивар

Педесет и шестгодишен тетовец, кој завчера бил пријавен за исчезнат, денеска попладне бил пронајден мртов со две прострелни рани на телото, на автопатот Тетово – Гостивар, пренесува телевизијата „Алфа“.

Според првичните информации, едната рана била во пределот на стомакот, а другата зад десното уво на главата. Како што пренесува телевизијата, покрај телото било пронајдено оружје.

Случајот бил пријавен денеска околу 13 часот, од случаен минувач, кој рекол дека на патот има паркирано возило со отворени врати. По пристигањето на местото, полициските екипи го нашле телото на Р.К. (56) во поток покрај патот.

Во тек е истрага која треба да ги утврди причините и околностите за смртта на тетовецот.