Македонија Машки труп пронајден во Дебарско, најверојатно на таткото или синот исчезнати на...

Машки труп пронајден во Дебарско, најверојатно на таткото или синот исчезнати на Бистра

Основното јавно обвинителство Гостивар издало наредба за обдукција на машки труп во распаѓање, кој бил пронајден кај местото Кош, на непристапен терен меѓу селата Лазарополе и Гари, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Обдукцијата ќе се врши во Инситутот за судка медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје, а првичните сознанија упатуваат на тоа дека починатото лице е еден од двајцата изчезнати – татко и син, по кои се трагаше во изминатиов период на падините на планината Бистра.

„Сепак, обдукцијата треба да го утврди точниот идентитет на жртвата и причините за смртта“, велат од Обвинителството.