Свет Свет Масакр во канадскиот град Едмонтон

Масакр во канадскиот град Едмонтон

Шестмина возрасни и две деца се убиени во канадскиот град Едмонтон, соопштиле од локалната полиција, пренесуваат светските медиуми.

Жртвите на монструозното злостроство биле најдени на две одделни локации. Лицето за кое полицијата се сомнева дека ги извршило убиствата, се самоубило во ресторан во близина на блискиот град Форт Саскечован, вчера вечерта.

Шефот на локалната полиција, не го соопштил неговиот идентитет, но изјавил дека станува збор за лице со криминално досие кое датира од 1987 година.

„Најверојанто станува збор за екстремен случај на семејно насилство“, рекол шефот на полицијата, Род Нект, и додал дека нема докази за вмешаност на банди. Тој изјавил дека масакрот бил палниран и извршен со умисла.

Полицијата не излегла со детали за врската меѓу жртвите и мажот кој извршил самоубиство.

Како што пренесуваат медиумите, полицијата во понеделникот добила два повика од северниот дел на Едмонтон, каде се наоѓа куќата каде било извршено масовното убиство. По првиот повик, полицајците кои заминале на местото, не влегле во куќата бидејќи никој не одговарал однатре. Откако го добиле и другиот повик и дозвола за влез, во куќата ги нашле седумте тела.

Од полицијата изјавиле дека ова е најголемото масовно убиство во Едмонтон, по случајот во 1956 година, кога шест луѓе биле масакрирани.