Дописници МАНУ со богата програма за годишнина од упокојувањето на свети Климент Охридски

МАНУ со богата програма за годишнина од упокојувањето на свети Климент Охридски

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во рамките на својата годишна програма подготува голем број активности за одбележување на значајниот јубилеј 1.100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски.

МАНУ ќе ја интензивира соработката со други академии, особено на соседните земји, со повеќе активности, главно во Охрид.

Во оваа година се предложени 107 научно-истражувачки и уметнички проекти на академијата од разни области. Од нив 65 се почнати минатата година, а 42 ќе почнат да се реализираат годинава.