Култура МАНУ ја откажа дебатата во Охрид и наместо неа ќе одржи тркалезна...

МАНУ ја откажа дебатата во Охрид и наместо неа ќе одржи тркалезна маса

На Научната и културна визита Охрид – 2016, во организација на МАНУ, за утре беше предвидено да се одржи дебата на тема „МАНУ и македонската наука и уметност“.

Во меѓувреме, од Академијата соопштија дека оваа дебата е откажана и, наместо неа, утре, во Куќата Уранија во Охрид, ќе се одржи тркалезна маса под наслов „МАНУ, науката, уметноста и високото образование – состојби и перспективи“.

До крајот на Научната и културна визита Охрид – 2016, ќе се одржат уште два настани. На 23 јули ќе има обраќање на академик Цветан Грозданов на тема „Фрескоживописот на „Света Софија Охридска“ во светлината на најновите проучувања во светот“.

Последниот настан од оваа визита е на 27 јули. Предавање ќе има академик Иван Катарџиев на тема „Сталин, културната автономија на Пиринска Македонија и патот на студентите од Пирин до Скопје“.