Спорт Манчестер Сити нуди 138 милиони евра за Суарез

Манчестер Сити нуди 138 милиони евра за Суарез

Британските медиуми објавија дека Манчестер Сити е подготвен да плати 138 милиони евра за трансфер на играчот на Барселона, Луис Суарез, во летниот преоден рок. Доколку овој трансфер се реализира, Суарез ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот.

Единствента пречка е забраната за трансфери на Барселона бидејќи ако го продаде Суарез летово, клубот нема да биде во можност да донесе негова замена и ќе остане во нападот со Меси, Нејмар и со Педро. Затоа е можна размена на фудбалери, со што во Барса би заминал Серхио Агуеро, а во Сити ќе дојде Суарез.

Суарез во Барселона дојде минатото лето од Ливерпул, за сума од 75 милиони евра.