Хроника Малолетници осомничени дека украле плен вреден повеќе од 30.000 евра

Малолетници осомничени дека украле плен вреден повеќе од 30.000 евра

Деветнаесетгодишен битолчанец и уште тројца малолетници се осомничени дека во периодот од септември минатата година до март годинава, извршиле неколку тешки кражби во куќи и во две цркви во Битола.

Како што информираат од полицијата, материјалната штета што осомничените ја предизвикале била проценета на околу 2 милиони денари, односно повеќе од 30.000 евра.

Една од последните кражби, за која се товарт младите битолчани, според полицијата, ја извршиле на почетокот на минатиот месец, кога од куќа во градот однеле два паричници со 20.000 евра, злато во тежина од 400 грама, вредно околу 10.000 евра и четири пара обетки „сваровски“.