Македонија Малолетник во скопско училиште со пиштол в рака рекетирал ученик

Малолетник во скопско училиште со пиштол в рака рекетирал ученик

Според информациите на МВР, малолетникот што се заканувал со пиштол е лишен од слобода

Фото: Wonderlane на Unsplash

Малолетник од Скопје со закана со пиштол в рака одзел пари од друг малолетник во двор на основно училиште во Општина Чаир. Настанот се случил претпладнево, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според информациите на МВР, малолетникот што се заканувал со пиштол е лишен од слобода.

„Денеска околу 11.20 часот во двор на основно училиште на подрачје на Чаир, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода малолетник од Скопје. Според пријавеното, тој претходно со закана со пиштол одзел пари од друг малолетен ученик во училиштето“, стои во полицискиот билтен на МВР.

Нема информации за тоа дали малолетникот што се заканувал исто така бил ученик во истото училиште.

Со него бил извршен службен разговор, а полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.