Хроника Малолетник осомничен за кражба на компјутерска опрема од општинската зграда во Охрид

Малолетник осомничен за кражба на компјутерска опрема од општинската зграда во Охрид

Малолетник е осомничен дека кон средината на октомри годинава извршил кражба на компјутерска опрема од новиот дел на општинската зграда во Охрид, кој е во изградба, информираат од полицијата.

СВР Охрид до јавното обвинителство доставило посебен извештај против 16-годишното момче поради постоење основа за сомневање дека сторил тешка кражба и кражба.

Според полицијата, малолетникот на 13 октомври се искачил на катот од новиот дел од општинската зграда во изградба и успеал насилно да го отвори прозорецот, а потоа влегол во канцеларијата каде одзел едно компјутерско куќиште и една тастатура. Следниот ден, момчето на истиот начин извршило уште една кражба од истата општинска просторија и одзел два компјутерски монитори и едно куќиште.

Полицијата, по добиена судска наредба, извршила претрес во домот на осомничениот од каде биле земени шрафцигери, обувки и неколку предмети врз кои било извршено вештачење.

Со малолетникот, во присуство на негов родител, бил извршен разговор во СВР Охрид, а за постапката бил известен и социјален работник.