Хроника Малолетник и 19-годишник ги испишале графитите во Битола

Малолетник и 19-годишник ги испишале графитите во Битола

На разговор во полициска станица во врска со графитите со говор на омраза што беа испишани во петокот на Широк Сокак во Битола, битолската полиција повикала еден малолетник и еден 19-годишник.

Случајот потоа бил расчистен и било утврдено дека младите битолчани ги испишале графитите, и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени пријави.