Хроника Малолетна скопјанка и средовечен тетовец пријавени за исчезнати

Малолетна скопјанка и средовечен тетовец пријавени за исчезнати

Родител од Скопје вчеравечер во полициската станица Бит Пазар ја пријавил својата 16-годишна ќерка за исчезната, информираат од полицијата.

Според пријавата на Н.Ј. (43), истиот ден неговата ќерка А.Ј. се оддалечила од дома во непознат правец.

Вчера и 26-годишната тотовка В.А. пријавила дека утрото околу 9.30 часот нејзиниот татко Р.К. (56) излгол до дома и не се вратил.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата во двата одделни случаи.