Хроника Малолетна девојка прободена со нож кај „Мавровка“

Малолетна девојка прободена со нож кај „Мавровка“

Попладнево, пред трговскиот центар „Мавровка“, со нож е прободенa 14-годишнa девојка. Според неофицијални информации, девојката двапати била прободена во левата нога. Таа е префрлена на една од скопските клиники и е надвор од животна опасност. Од полицијата го потврдија случајот, но сè уште нема официјални информации за напаѓачот.