Свет Малезија ќе бара на уривачите на авионот над Украина да им се...

Малезија ќе бара на уривачите на авионот над Украина да им се суди пред меѓународен суд

Властите во Куала Лумпур планираат да побараат формирање меѓународен суд, кој ќе ги казни тие што минатата година го собориле авионот на „Малезиан ерлајнс“ над Источна Украина, пишува малезискиот весник „Стар“.

Малезискиот министер за транспорт, Лиоу Тионг Лаи, за време на посетата на Пекинг, изјави дека неопходно е прашањето за вината да се покрене пред меѓународна структура бидејќи мала е веројатноста дека Малезија ќе издејствува екстрадирање на виновниците ако случајот се покрене пред национален суд.