Свет Макрон во прва посета на Германија

Макрон во прва посета на Германија

Новиот француски претседател, Емануел Макрон, кој вчера и официјално ја презеде должноста, денеска ќе биде во прва посета на Германија, каде ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел.

Макрон за време на кампањата рече дека неговата прва посета во странство, доколку победи, ќе биде во Германија. Таа земја била меѓу првите што на новиот претседател му ја честитала победата во првиот и во вториот круг од изборите.

И претходникот на Макрон, Франсоа Оланд, исто така во 2012 година прво ја посети Германија по својата инаугурација.