Македонија Македонци во Вашингтон одржаа протест пред Амбасадата на РМ

Македонци во Вашингтон одржаа протест пред Амбасадата на РМ

Македонци иселени во Вашингтон денеска протестираа пред Амбасадата на Македонија, во знак на поддршка за своите сограѓани кои протестираат за владеењето на правото и за демократијата во Македонија, пишува „Радио МОФ“.

– Ги поддржуваме нашите сограѓани во нивните барања, оставка на претседателот Иванов, почнување на процес за избор на експертска влада и итно суспендирање на почнатиот процес за одржување на избори во јуни. Ние, како граѓани на Република Македонија во дијаспората, имаме одговорност јасно и гласно да го изразиме нашето незадоволство од ситуацијата во Македонија – напишал Алексеј Демјански, еден од демонстрантите на протестот, на својот профил на „Фејсбук“.