Македонија Македонците во Париз за помош да се обратат во македонската амбасада

Македонците во Париз за помош да се обратат во македонската амбасада

Нема информации дали македонски државјани што престојуваат во Париз побарале помош по вчерашните терористички напади што се случија во француската престолнина.

За сите информации Македонците во Париз можат да се обратат во Амбасадата на Македонија, која се наоѓа на улица 21, rue Sebastien Mercier 75015, 

Исто така, помош можат да побараат и на телефоните: 331 45 77 10 50, 331 45 77 85 7, 331 45 77 10 73, 331 45 77 89 63, како и на мејл: paris@mfa.gov.mk

Македонија во моментов нема амбасадор во Франција бидејќи Агрон Буџаку пред неколку недели беше отповикан поради завршувањето на мандатот.