Дописници Македонците во Албанија и „Мајкрософт“ ја користат секоја можност за едукација

Македонците во Албанија и „Мајкрософт“ ја користат секоја можност за едукација

Македонците во Албанија ја користат секоја форма и можност за едукација, вели Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана.

Локалната канцеларија на „Мајкрософт“ за Албанија, во соработка со ИПСЕД, денеска во Бизнис-центарот „АБА“ во Тирана, организираше семинар посветен на невладиниот сектор. На семинарот се обратија Ерион Велиај, министер за социјална сигурност и млади на Албанија, и Агим Бекај, генерален  директор на „Мајкрософт“ за Албанија.

– Овој ден е посветен на граѓанските организации и ќе им овозможи да ги подобрат своите вештини во користење на информациски и комуникациски технологии преку интерактивни програми, но, исто така, да научат повеќе да ги користат можностите што ги нуди „Мајкрософт“ со програмата „Јут спарк“ – вели Никола Ѓурѓај.