Свет Балкан Македонците од Србија со хуманитарна акција по повод роденденот на Тоше

Македонците од Србија со хуманитарна акција по повод роденденот на Тоше

Форумот на млади Македонци во Србија, по повод роденденот на големата македонската и балканска ѕвезда Тоше Проески, традиционално, на 24 и на 25 јануари, ќе организира хуманитарни активности. Оваа година средствата што ќе бидат собрани ќе бидат наменети за Националното здружение на родители на деца заболени од рак – НУРДОР во Белград.

В сабота, на 24 јануари, на Студентски трг во Белград ќе се одржи крводарителската акција во соработка со Институтот за трансфузија на крвта на Србија. Посетителите ќе имаат можност да ја слушаат музиката на Тоше и да донираат средства за НУРДОР, а првите 30 крводарители ќе добијат и подароци.

В недела, на 25 јануари, е предвидена акција за собирање помош за децата од прифатилиштето во Белград.