Дописници Македонците од Албанија разочарани од одлуката на Уставниот суд за почитувањето на...

Македонците од Албанија разочарани од одлуката на Уставниот суд за почитувањето на малцинските права

Македонското малцинство во Албанија го смета спојувањето на општините за чекор назад во почитувањето на малцинските права во областите Голо Брдо и Гора. Со ваква реакција се огласија денеска Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонско друштво „Илинден“-Тирана, Разгранок Голо Брдо.

„Верувавме во фер и правна одлука на Уставниот суд како независна институција и гарант на Уставот, но одлуката на Уставниот суд беше неправилна и разочарувачка“, се вели во реакцијата од друштвата.

Во спојувањето на општините, се вели понтаму во соопштението, не се почитувани демографски критериуми, географски, економски и културни посебности во Голо Брдо и во Гора.

„Спојувањето општини го отежнува животот на жителите во областа Голо Брдо и во Гора. За еден извод треба да се патуваат два часа“, стои во соопштението потпишано од претседателот на Македонско друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, и од претседателот на Македонско друштво „Илинден“-Тирана, Разгранок Голо Брдо, Ули Халилај.