Македонија Македонско возило оштетено во Грција

Македонско возило оштетено во Грција

Во Солун завчера било оштетено возило со македонски регистерски таблички.

Прилепчанецот М.Б. пријавил дека на аеродромот во Солун му било извршено оштетување на левата врата на неговото возило „форд мондео“ со скопски таблички. Настанот бил пријавен во грчката полиција, но оттаму не бил добиен записник.