Култура Македонско-хрватска фолклорна вечер во Прилеп

Македонско-хрватска фолклорна вечер во Прилеп

КУД „Далмација-дуги рат“

Вечерва, од 19.30 часот, во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи македонско-хрватска фолклорна вечер, на која ќе настапат гостите КУД „Далмација – Дуги рат“ од Сплит, и домаќините, КУД „Мирче Ацев“  и КУД „Илинден“ од Битола.

Друштвото „Далмација – Дуги рат“ од Хрватска постои од 1967 година и го негува изворниот хрватски фолклор, особено од Далмација, како и фолклорот од загорското поднебје. Брои околу 200 членови, кои дејствуваат во шест групи.