Дописници Македонско друштво „Илинден“ од Тирана – учесник на Националниот младински конгрес

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана – учесник на Националниот младински конгрес

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана учествува на Националниот младински конгрес што се одржа денеска во Младински центар во Тирана.

По вторпат досега друштвото да учествува на Националниот младински конгрес, а присутни се и претставници на македонското етничко малцинство во Република Албанија.

– Во работата на Конгресот учествуваат педесетина младински организации од целата територија на земјата, ангажирани на различни полиња. Конгресот е можност да се запознаат подобро младинските организации кои работат во Албанија и да се зајакне нивната соработка – вели претседателот на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај.

Конгресот се реализира со поддршка на Фондацијата „Фридрих Еберт“.