Економија Македонските превозници сè уште не пријавиле штета од блокадата на границата

Македонските превозници сè уште не пријавиле штета од блокадата на границата

Македонските превозници сè уште не пријавиле штета поради блокадата на српско-хрватската граница и неколкудневниот застој, изјави денеска министерот за економија, Беким Незири.

За пишувањата во медиумите дека Хрватска е подготвена херметички да ја затвори границата со Србија, Незири истакна дека како министерство ги следат сите чекори и подготвени се да одговорат на секое сценарио.

– Хрватска е членка на Европската унија и се надевам дека ЕУ нема да дозволи херметичко затворање на граница. Како држава и како министерство, активно ги следиме сите чекори и сме подготвени за кое било сценарио што би произлегло доколку се затвори таа граница – изјави Незири.