Македонија Македонски возач на камион приведен во Босна и Херцеговина

Македонски возач на камион приведен во Босна и Херцеговина

Македонски возач на камион е приведен во Босна и Херцеговина поради тоа што во неговото возило биле пронајдени мигранти. Како што јавуваат тамошните медиуми, полицијата го запрела кај Брчко и во возилото пронашла тројца бегалци од Авганистан.

Камионот бил запрен во саботата попладне, а Ј.С. (48), македонски државјанин, е приведен и во тек е истражна постапка.