Македонија Македонски телеком од денеска веќе не ја реемитува „Раша тудеј“

Македонски телеком од денеска веќе не ја реемитува „Раша тудеј“

Принтскрин од пораката на Македонски телеком на каналот „РТ“

Македонски телеком денеска престана да ја реемитува руската државна телевизија РТ, претходно позната како “Russa Today” (Русија денес), која изобилува со пропаганден материјал во однос на војната во Украина.

Наместо содржините на телевизијата, денеска на каналот можеше да се прочита следната порака од Македонски телеком:

„Почитувани гледачи

Ве известуваме дека согласно Одлуката на Владата и истата рефлектирана преку Одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, реемитувањето на овој канал не е повеќе дозволено.“

Поголем број Европски земји по почетокот на рускиот воен напад на Украина го прекинаа емитувањето на овој канал, како и на каналот „Спутник“. Овие два канали се едни од најголемите споделувачи на дезинформации.