Култура Македонски писатели се вратија со награди од Риека

Македонски писатели се вратија со награди од Риека

Денови на книгата во Ријека

Со меѓународни награди и со признанија од Меѓународниот книжевен фестивал „Денови на пријателите на книгата“ што се одржа во Риека, Хрватска, се вратија македонските поети Петко Шипинкаровски, Марина Мијаковска и Мерсиха Исмајлоска. Фестивалот се одржа од 6 до 9 ноември.

На Шипинкаровски, Мијаковска и на Исмајлоска им беа доделени и дипломи за учество на фестивалот, а здружението „Бран“ доби диплома за меѓународна соработка од Хрватското книжевно друштво.

Во рамки на фестивалот беше промовирана ревијата за книжевност „Бранувања“ што ја издава здружението „Бран“ од Струга.

На „Денови на пријателите на книгата 2014“ во Риека учествуваа поети од Хрватска, Словенија, БИХ, Србија, Македонија, Холандија, Франција, Ирак…