Култура Македонски народен театар прославува 70 години

Македонски народен театар прославува 70 години

Македонскиот народен театар прославува 70 години од основањето.

На 3 април 1945 година, МНТ почна да работи со изведба на претставата „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук, а во режија на Димитар Ќостаров.

Прославата на јубилејот почна со промовирање на новиот тетарски музеј во кој што се изложени костими, скици од сценографии, лични предмети, фотографии, драмски текстови и на многу други реквизити кои биле дел од театарските претстави на МНТ, а подготвена од театрологот Јелена Лужина.

– Професорката Јелена Лужина и Јасмина Намичева конципираа поставка според највисоките музеолошки стандарди и ни овозможија на едно место да се запознаеме со една богата и значајна театарска историја – изјави Елизабета Канческа-Милевска, министерката за култура на Македонија.

Со изведбата на претставата „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, во режија на Дејан Пројковски, почнува циклусот гостувања на ансамблите од другите градови на сцената на МНТ.

Галеријата фотографии е од денешното промовирање на содржините со кои ќе биде одбележан јубилејот.