Македонија Македонски готвачи освоија седум награди во Истанбул

Македонски готвачи освоија седум награди во Истанбул

Тим македонски готвачи – шефови на кујни, кои учествуваа на 14. Светски гастрономски натпревар во Истанбул, од 11 до 14 февруари, се вратија со полни раце награди, пренесе порталот „Убавина и здравје“.

Станува збор за еден од најголемите интернационални натпревари, кој го организира Федерацијата на готвачи и на шефови на Турција, а Македонија првпат учествува како национален тим под патронатот на Здружението на готвачи „Гастро мак“ Скопје.

Никола Мишковски, шеф на кујна во ресторан „Камник“, Марк де Јонг, интернационален шеф и Зоран Андонов, шеф на кујна во „Албис“ – Гостивар ги бранеа боите на Македонија за најголемата награда „Истанбул 2016“ и освоија сребрен медал.