Македонија Македонската и српската влада на 21 март ќе одржат заедничка седница во...

Македонската и српската влада на 21 март ќе одржат заедничка седница во Ниш

Претседателите на владите, Зоран Заев и Ана Брнабиќ во Ниш ќе имаат тет-а-тет средба, додека истовремено министрите во владите на двете земји ќе одржат билатерални средби со своите тимови.

Заедничката седница на владите на Македонија и на Србија ќе се одржи веднаш по средбите на премиерите и министрите.

Теми на заедничката седница ќе бидат од областа на одбраната, безбедноста, економијата, трговијата, здравството, образованието, од сферата на трудот и социјалната политика, правдата, заштита на животна средина, културата, како и разговори за заеднички иницијативи во инфраструктурата, иновациите, европските интеграции и младинските политики.

Ќе бидат потпишани и документи за соработка во повеќе области.

Заев и Брнабиќ ќе имаат свои обраќања и на Економскиот форум Србија-Македонија што истиот ден во Ниш го организираат стопанските комори на двете земји.