Македонија Македонската граница вчера ја поминале вкупно 2.032 странски државјани

Македонската граница вчера ја поминале вкупно 2.032 странски државјани

Во текот на вчерашниот ден, издадени се вкупно 2.032 потврди за изразена намера за поднесување барање за признавање право на азил на странски државјани.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, од овие лица 869 биле мажи, 427 жени, а 528 деца што го придружувале носителот на потврдата.

Границата ја поминале и 208 деца што патувале без родител, а на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата, најбројни се државјаните на Сирија – 901, Авганистан – 623,  и на Ирак – 508.