Македонија Македонија ја совлада Австрија, во осминафиналето ја пречекува Словенија

Македонија ја совлада Австрија, во осминафиналето ја пречекува Словенија

Репрезентацијата на Македонија ја совлада Австрија во петиот натпревар од Светското првенство во ракомет, кое се одржува во Катар, со резултат 36:31. Ова е четвртата победа што ја остварија македонските ракометари.

Со овој натпревар завршува играњето по групи, а по два дена пауза, в недела, почнуваат осминафиналните битки. Македонија ќе се сретне со Словенија за пласман во четврт-финалето.