Македонија Македонија и Грција одржаа нов состанок за мерките за градење доверба

Македонија и Грција одржаа нов состанок за мерките за градење доверба

Претставници на министерствата за надворешни работи на Македонија и на Грција одржаа нов состанок за мерките за градење доверба. Состанокот се одржа вчера во Солун, а разговорите ги водеа политичкиот директор на министерството за надворешни работи на Грција, Петрос Мавроидис, и заменик-министерката за надворешни работи на Македонија, Елена Кузмановска.

Како што информираат од грчкото МНР, на состанокот се разговарало за напредокот на мерките за градење доверба, како и за случувањата во регионот.

Следниот состанок за мерките за градење доверба е договорено да се одржи кон крајот на годинава во Скопје.