Свет Балкан Македонија и БиХ потпишаа Спогодба за колокација на ДКП

Македонија и БиХ потпишаа Спогодба за колокација на ДКП

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Босна и Херцеговина денеска во Драч, потпишаа Спогодба за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва.

– Овој чин претставува потврда повеќе на заемните заложби за реализација на конкретни проекти за збогатување на билатералните односи согласно позитивните искуства од слични примери со земјите од регионот – велат од македонското МНР.

Спогодбата ја потпишаа на маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан.