Македонија Македонија е на 69. место во светот по просперитет

Македонија е на 69. место во светот по просперитет

Земјава, според овие резултати се искачила за десет места и е зад Русија која е на 68 место, а пред Парагвај и Индонезија.

Македонија е на 69. место во светот од рангирани 142 земји  според индексот на просперитет на британскиот научен институт „Легатум“.

Станува збор за годишна процена на богатството и на благосостојбата на земјите, а индексот на просперитет се пресметува врз основа на осум категории: економија, образование, претприемништво и можности, управување, здравје, лична слобода и безбедност и социјална состојба.

Македонија најдобро е рангирана во категоријата здравство, каде се наоѓа на 52. место, потоа следува категоријата претприемништво и можности – 63. место и категоријата безбедност, на 67. место.

Во категоријата образование, Македонија е рангирана на 74. место, во категоријата лична слобода – на 77. место, а во категоријата социјална состојба – на 82. место.

Земјава, според овие резултати, се искачила за десет места и е зад Русија, која е на 68. место, а пред Парагвај и Индонезија.

Од земјите во регионот, пред земјава се најдоа Словенија, која е на 24. место, Бугарија – на 48. место, Хрватска – на 50. позиција, Грција на 59. место, и на 65. место е Црна Гора. Србија е зад земјава и е рангирана на 77. место, Албанија е на 84. место, а Босна и Херцеговина се најде на 91. место.

На прво место на ранг-листата е Норвешка, по која следуваат Швајцарија и Нов Зеланд како најпросперитетни земји во светот. Меѓу првите десет се Данска, Канада, Шведска, Австралија, Финска, Холандија и САД, кои се на 10. место.

На дното на листата се Демократската Република Конго, Чад и Централноафриканската Република.