Економија Македонија, дел од медитеранско-балканската туристичка понуда

Македонија, дел од медитеранско-балканската туристичка понуда

Претседателот на Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Аркан Керим, со делегација од комората, присуствува на конференција во Будва во организација на Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора и на Светската туристичка организација на Обединетите нации (СТООН).

Темата на дводневната конференција на која присуствуваат еминенти меѓународни експерти од секторот туризам е „Квалитетот како клучен елемент за успех на медитеранската туристичка дестинација“.

– Во фокусот на конференцијата е квалитетот на туристичките производи, кои треба да бидат двигател за успех на медитеранските дестинации. Во оваа насока дискутираме и Република Македонија да биде активно промовирана во медитеранско-балканската туристичка понуда на Светската туристичка организација. Правиме заложби нашата земја да биде промовирана во трети земји како атрактивна туристичка дестинација. Веќе остваривме средби и со комори и со организации од Јордан, Турција, Словенија, Хрватска, во насока на идно зцрстување и на официјализирање на соработката – изјави Керим.

Конференцијата има цел да создаде платформа за медитеранските и за балкански дестинации и за сите релевантни партнери за дијалог во врска со актуелните и потенцијаните предизвици во насока на остварување партнерство со земјите од регионот.