Економија „Мајкрософт“ ќе инвестира во „Реал Мадрид“

„Мајкрософт“ ќе инвестира во „Реал Мадрид“

Стадионот на фудбалскиот тим „Реал Мадрид“

Технолошкиот гигант „Мајкрософт“ е новиот спонзор на шпанскиот фудбалски тим „Реал Мадрид“.

Компанијата, како што јавуваат шпанските медиуми, во следните четири години ќе инвестира околу 30 милиони долари, во деловна, технолошка и во маркетиншка соработка.

Според договорот, кој треба да биде официјализиран во текот на денов, „Мајкрсофт“ на „Реал“ ќе му обезбеди ексклузивни и виртуелни содржини што ќе бидат понудени на навивачите, а деловните решенија треба да придонесат за поголема ефикасност на вработените во клубот.