Свет Европа Мајка и нејзините три ќерки нападнати со нож поради начинот на облекување

Мајка и нејзините три ќерки нападнати со нож поради начинот на облекување

Во јужниот дел на Франција, денеска е уапсен еден маж откако со нож нападнал жена и нејзините три ќерки, на возраст од осум, 12 и 14 години. Како што јавуваат француските медиуми, причината за нападот била облеката на нападнатите.

Градските власти на Ларан-Монтгелн во областа От-Алп известија дека мајката и трите ќерки биле на одмор во летувалиштето кога напаѓачот ги нападнал.

Француската полиција соопшти дека напаѓачот, кој бил муслиман со потекло од Мароко, бил револтиран од тоа што жената и ќерките носеле куси панталони и патики.

Засега не е позната здравствената состојба на нападнатите.