Хроника Мајка и четири деца загинаа во пожар во Тетово

Мајка и четири деца загинаа во пожар во Тетово

Во пожар во куќа на улицата Гоце Делчев во Тетово утрово животите ги загубиле 38-годишна жена и нејзините четири малолетни деца, дознава „Мета“.

Според неофицијални информации од МВР, бројката на загинати не може да се прецизира сè додека не заврши увидот. Куќата била постара и има огромно количество материјал, кој треба да се дорасчисти за да се види дали нема и други загинати или поведени.

Увид вршат јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Според неофицијални информации од соседите, жената и нејзините деца спиеле на горниот кат од куќата кога избувнал пожарот и не можеле да избегаат. Децата биле на возраст помежу 4 и 13 години.